Нашиот тим

НАШИОТ ТИМ

Софија Кавракова

Колку што ја самата се вложувам во работата и се трудам да одам во нагорна линија, толку Бубе Студио Ин ми ги отвори вратите кон можност за поголем раст и напредување почнувајќи од можност за просперитет, надградување и раст на работно поле, па се до вистински пријателства и дружби кои ги има во ова студио, можам да кажам дека Бубе Студио Ин создаде едно големо семејство и чест ми е што сум дел од истото.

Сашо Анчевски

Сашо Анчевски – Сале е дел од тимот на Бубе Студио Ин како уникатен ,амбициозен и креативен уметник и стилист. Фризерскиот свет го гледа како поле на кое може да ја изрази својата креативност преку несекојдневни стилови на фризури. Омилена му е колористиката, шишањето и #hairtattoo преку кои е и претпознатлив и повеќепати награден на меѓународни натпревари.
Бубе Студио ин е едно семејство кое функционира несебично едуцирајки се секојдневно и пласирајки единствени стилови на фризури во општеството и професионалиот свет.
Доколку сакате вистинска промена Сале е вистинскиот избор!

Берк

Берк е дел од подмладокот во Бубе студио ин, една убава приказна и голем предизвик во неговото професионално искуство е токму да е дел од тимот. Со своето дејствување во овој салон доминантна ставка во која ја изразува својата креативност се фенирањата и шишањата во кој безрезервно се препушта и ужива во секоја трансформација, посебно ужива во враќање на трендовите во минивал техниките.
Посебна чест е што има можност да расте и професионњлно расте меѓу најдобрите.

Алекс

Јас сум амбициозен и креативен , кој иако имам долгогодишно искуство како професионален флизер , шминкер артист сепак секогаш сум отворен за нови вештини и знаења .Познат сум по експериментирања кои резултират со воодушевени клиенти .во (Бубе студио ин) работата ме исполнува и ме гради како свој идентитет. Моето животно мото е” Јас бев креиран да креирам “

Матилда Манојлевска

Матилда ја започна својата работа во Бубе Студио ИН во 2011 година, како технички асистент – PR. Желбата за тимска работа, работа и контакт со луѓе, координација на работните ангажмани, креативноста, природните менаџерски вештини и дозволија целосно изразување на своите работни способности и веќе 6 години го надгледува и подига нивото на работа на самото студио што го покажува и докажува се поголемиот број на нови и задоволни клиенти.

Што ја инспирира? Задоволни и среќни лица се секогаш моја инспирација!

Љупка Спиркоска

Моето седумгодишно искуство доволно говори за моето постоење во Бубе Студио ИН. Како некој што уште од првиот работен ден се пронашол во својата работа и се стремел да напредува, среќна сум што како фирма го препознаа тоа во мене и ми ја дадоа можноста постојано да се надоградувам и да напредувам.

Тоа колку што е постигнато со сопствен труд и воља, толку е постигнато и со взаемно и колегијално споделување на искуството од колегите. Сите ние без разлика во кој дел од браншата работиме, заедно имаме иста цел и секој успех е заеднички.

Затоа ми е мило што сум дел од тимот на Бубе Студио ИН.

Мира Петровска

Мира својата кариера ја започна уште од својата 15 годишна возраст. Следејќи ја својата страст за оваа професија, таа верувала дека може да научи и да се подобрува секој нареден ден, се додека не се почуствува задоволно и исполнето пренесувајќи го своето знаење на помладите.

Својата кариера во тимот на Бубе Студио ИН ја започна во 2011 година. Позитивна атмосфера, желба за тимска работа и посветеност во работата ја усовршуваа во врвен професионалец со многу успешни години зад себе и желба за многу поуспешни во иднина.

Арбнор

Арбнор е младо момче кое својата приказна во Бубе Студио ИН за започна сосема наивно како практикант од стручното фризерско училиште, кој подоцна за само 2 години посветеност и покажан огромен интерес во оваа професија се избори за место да стои рамо до рамо со поискусните колеги од тимот.

Посебно ужива во трансформација кај клиентите каде највешто се изразува во делот на шишањата, својата визија ја претвара во фризури како за каталог. Сонот Тони & Гај го ужива во нашиот Студио Бубе ИН.