14
Nov

МО-БЕРБЕР ШОУ НА ФРИЗЕРИТЕ БЕРБЕРИ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ

Тимот на Бубе Студио Ин беше дел од највозбудливиот настан во месецот за мажите ,,Мовембер“ со традиционалното МО-БЕРБЕР ШОУ НА ФРИЗЕРИТЕ БЕРБЕРИ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ кое се оддржа во Скопје Сити Мол на 13.11 (недела) од 12 до 17 часот.
На настанот беа претставени мајстори бербери од целата земја, кои се погрижија вашиот изглед да стане уште подоминантен со добро средени бркови и бради.
Настанот „Мовембер“ ги предизвикува најхрабрите да пуштаат брада и бркови, а потоа да “паднат” во рацете на најголемите занаетчии во берберската професија.